Фото: Архива

Полицијата во текот на изминатата ноќ извршила контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица и патнички возила. Како што информираат од МВР, кај седуммина скопјани биле пронајдени марихуана и кокаин.

– Кај В.З.(34) била пронајдена бела прашеста материја, кај Б.Ј.(28) била пронајдена бела прашеста материја, кај М.З.(37) била пронајдена бела прашеста материја и марихуана, кај А.Б.(25) била пронајдена марихуана, кај Н.Ќ.(23) марихуана, кај М.П.(42) кокаин и кај Т.Д.(20) била пронајдена марихуана. Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – посочуваат од ресорното министерство.