Илустрација / Фото: МВР / Архива

Регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор во текот на денов до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација.

Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица. Имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово.