Фото: МИА

Тетовската полиција информира дека денеска е поднесена кривична пријава за четири лица со што се расчистени 14 тешки кражби, обиди за тешки кражби и кражби. Станува збор за четворица осомничени од гостиварки Добридол кои се сомничат дека краделе во неколку тетовски села. 

– Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ф.(21), Е.А.(26), А.Д.(22) и 17-годишник, сите од гостиварското село Добридол. Тие се сомничат дека извршиле девет тешки кражби, четири тешки кражби во обид и една кражба, казниви по членовите 235 и 236 од Кривичниот законик. Тие делата ги вршеле во куќи и помошни објекти во тетовските села Боговиње, Пирок, Долно Палчиште, Горно Седларце, Синичане и Камењане, каде со употреба на сила влегувале и одземале пари, накит и други предмети, по што дел од накитот го продавале во златарници во Гостивар – информираше портпатолот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. 

Осомничените се товарат дека кражбите ги направиле во април, мај, август и септември годинава.