Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера ги лишиле од слобода З.М. (21) и Б.К. (19) од Битола, осомничени за извршено кривично дело „кражба“.
Полицијата, како што информираа денеска од МВР, постапувала по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК „Битола“ биле одземени поголем број предмети.
Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот.
По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.