Приведен е 24-годишен скопјанец поради напад врз обезбедувањето на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
– На 18 јуни во 14.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(24) од Скопје затоа што физички го нападнал М.С.(39) од Скопје – вработен како обезбедување во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.