Илустрација / Фото: МИА

Во кругот на Педагошки факултет во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош вчера лишиле од слобода малолетник од Скопје кој се сомничи дека извршил тешка кражба од правно лице, при што одзел повеќе предмети.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а малолетникот бил задржан во полициска станица.

Оттаму дополнуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.