фото: Зоран Антоски

Во спомен-костурницата во село Манастирец, општина Македонски Брод, денес беше одбележана 107-годишнината од Бадниковиот масакр на превојот Барбарас кај месноста викана Дервишка нива, каде биле обезглавени 143 угледни Поречани од страна на бугарската власт.

– Во спомен-костурницата во село Горно Манастирец подигната во чест на настраданите Поречани и каде што почиваат телата на 143 настрадани угледни граѓани од овој крај, беше одбележана 107-годишнината од масакрот кај превојот Барбарас во месноста викана Дервишка нива извршен од страна на тогашната Бугарска власт. Овој настан бурно одекна на целиот европски континент со осуда за извршениот злостор – истакна Бојан Бежоски, хроничар и публицист од Македонски Брод.

З.А.