Фото: Студентски дом „Пелагонија“

На 15 ноември 2022 во 10 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11 ноември 2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар, информираат од МВР.

-Во службениот разговор тој го признал делото. Н.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по чл. 292 од КЗ – се вели во информацијата.