Фото: Принтскрин

Во пожар што избувнал во 1 часот и 35 минути по полноќ изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Таму се чува архивата на судот.

Пожарот се гасел со два камиони и седум пожарникари, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

-ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е се уште е на терен – соопштува РЦУК.