Фото: Архива

Јавен обвинител од скопското обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на 79-годишна жена, која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со пита во Скопје, соопшти јавното обвинителство.

Претходно, по истиот настан, почина 47-годишна жена, а 55-годишен маж беше пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето.

Се истражува како се случило труење со пестицид во пита, поради што почина жена, а мајка и син се во болница

Од домот на семејството се подигнати 20-ина траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејства.