Фото: Пекселс

На булеварот „Илинден“ во Тетово вечерва во 22.45 часот имало пукало од огнено оружје, а тетовец пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица.

– Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје, од возило во движење, во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира СВР Тетово.

Полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде што се пукало, по што е почнат увид.