Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донел наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за кривично дело „убиство“.
Осомничениот, како што информираат денеска од Јавното обвинителство, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице.
-Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал – се наведува во соопштението од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.