Фото: Маја Јаневска-Илиева

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски нема нови осомничени, како и дека не гледа пречка за брзо завршување на постапката за екстрадиција на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо од Турција, објави МИА.

за постапката за екстрадиција првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо од Турција да заврши брзо

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

– Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за кој што немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо – кажа Бубевски.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.