Фото: Архива

Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

– Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница – соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.

БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец. Информацијата дека осомничениот за убиството е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.