Фото: Маја Јаневска Илиева

Министерство за внатрешни работи ги информира граѓаните дека нема потреба да доставуваат потврди за платени сообраќајни казни од системот „Безбеден град“ во полициска станица.

Од МВР појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерство за финансии, што значи дека евиденцијата за извршените плаќања се врши електронски.

Граѓаните, сепак, се должни при уплатата правилно да ја пополнат уплатницата, односно точно да го внесат единствениот број од записникот во полињата „повикување на број“ и „цел на дознака“.

Од МВР апелираат граѓаните да не ги носат потврдите во полициските станици, со цел да заштедат време и да се избегнат непотребни гужви.