Во рамки на работната посета на Виена, Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, оствари средба со австриската министерка за Европа, интеграција и семејство Клаудија Бауер.
Како што соопшти Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата се разговарало за актуелните состојби и приоритети поврзани со европската агенда на Македонија.
Муцунски информирал за напредокот во спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда, при што ја потврдил цврстата посветеност на Владата кон евроинтегративниот процес и реформите.
Воедно, била изразена благодарност за континуираната поддршка од Австрија, а соговорниците се согласиле дека проширувањето на Европска Унија претставува геополитичка неопходност за стабилноста и безбедноста на Европа.

































