Фото: Илустрација/Маја Јаневска-Илиева

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца скопјани А.Б.(46) и З.З.(56), кои со измама извадиле брз кредит на име на друго лице, без негова согласност.

– Првопријавениот А.Б. на 20 август 2021 година побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност – соопши МВР.

Измамниците се гонат за кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“.