На 10.8.2022, во 18.20 часот, во полициската станица во Валандово било пријавено дека на магистралниот пат М-1, во близината на клучката за селото Марвинци, Валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, излетало од патот.
Возачот избегал, а на самото место се пронајдени 49 мигранти, кои, според нивното кажување, се од Сирија. Во несреќата, едно лице мигрант добило тешки телесни повреди, а 34 добиле телесни повреди констатирани во медицинските центри во Гевгелија и во Струмица.
Другите лица мигранти се пренесени во прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на полициската станица од Валандово.