Фото: Веб-страница на МВР на Србија

Сообраќајната полиција на автопатот Белград-Ниш, кај Гроцка, сопрела возило „фолксваген Голф“, кое 49-годишен државјанин на Македонија го управувал по коловозната лента наменета за сообраќај на спротивната страна, јави дописникот на МИА од Белград.

– Полициски службеници на Управата на сообраќајната полиција, кои со пресретнувачи го контролираат сообраќајот, синоќа го запреле возилото на автопатот – соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Против државјанинот на Македонија поднесена е прекршочна пријава, соопшти српското МВР.