Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што вчера во Софија, е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.
Како што соопштија денеска од МВР, кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови хемиски супстанци и прекурсори.
– Истовремено, на територијата на Република Северна Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба – се наведува во соопштението.