Фото: Маја Јаневска-Илиева

Лажни се дојавите за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи по извршените проверки во објектите.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информира МВР.Министерството наведува дека веднаш по добиените пријави, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.