Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 26-годишен државјанин на Република Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.
– На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне – соопштија денеска од Јавното обвинителство..
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.