Фото: Архива

Закани за бомби се добиени утринава во пет училишта во Кавадарци, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа – информира Самарџиев.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – додава портпаролот на СВР Велес.