Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
– Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.