Почина деветмесечно бебе кое на 24 февруари било хоспитализирано на Детската клиника во Скопје во тешка здравствена состојба.
Во изминатите денови се бараа одговори како се заразило со туберколоза.
Бебето било изолирано при лекувањето, при што од Клиниката за детски болести објаснија дека за него се грижи посебен медицински тим.
Мајката исто така беше хоспитализирана, а нејзините други три малолетни деца беа во детската клиника Козле на испитувања за туберколоза.