Денис Тот/Фото: Макфакс

Борис Тот, братот на починатиот ракометар на Бутел, на социјалните мрежи истакна дека 27-годишниот Денис Тот починал од срцев удар.

– Им благодарам многу на господата новинари на „професионално“ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук-профил.

Поради смртта на Денис Тот одложен е денешниот натпревар меѓу Вардар и Бутел од ракометниот плејоф.

Хрватскиот интернационалец почина вчера претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ. Тој бил примен без срцева акција во Ургентниот центар во Скопје, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот.