Крушево (Фото: Пиксабеј)

Акцијата за пронаоѓање на исчезнатиот крушевчанец со нарушено психичко здравје и денеска продолжува, со проширувањето на периметарот на трагање и вклучување на повеќе луѓе, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Во акцијата учествуваат 30 полициски службеници од ОВР Крушево, 4 лица од единиците за брзи интервенеции од ДЗС, една екипа од МВР со куче трагач и се очекува пристигнување на хеликоптерот од МВР, РЦУК Крушево со тројца вработени, а истовремено се ангажирани уште едно куче трагач од страна на семејството, ловното друштво ЕЛЕН со околу 60 ловџии кои трагаат на терен на различни локации, двочлена екипа од Шумска полиција со едно возило и околу 50-тина граѓани доброволци. Се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации – се наведува во соопштението од ЦУК.

Потрагата по 64-годишниот крушевчанец трае од пријавувањето на неговото исчезнување на 22 месецов. Во акцијата се пребарувале планинските предели, околните места и шумските појаси, а во вечерните часови и во градот. Полицискиот хеликоптерот што вчера трагал бил повлечен вчера во 16 часот.