ФОТО:Илустрација/ЦУК

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека пожарот над велешкото село Мелница е изгаснат. Чад има само од мал дел од опожарените трупци, но поради дождот, се очекува тие во целост да бидат изгаснати.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10:10 часот од ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известија за пожарот над с.Мелница, кај месноста „Ливаѓе“, што гореше од 15:40 часот вчера, дека уште мал дел од опожарените трупци чадат. Но, заради дождот што во моментов врне, истите ќе се изгаснат во целост – се вели во информацијата од ЦУК.

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна – Велес вчера соопштија дека пожарот е на непристапен терен.