Aмериканецот П.И со привремен престој во Битола долго ќе ја памети посетата на национаниот парк Пелистер.
Тој вчера во битолската полиција пријавил дека бил физички нападнат на местото викано „Голема Ливада“ во националниот парк Пелистер.
Според пријавата на Американецот, тој бил физички нападнат од едно лице поради недоразбирање околу паркинг-место.
Од страна на СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување
на случајот. М.М.