Илустрација / Фото: МИА

Полицијата и Јавното обвинителство спроведуваат заедничка акција на граничниот премин Табановце, соопштија од МВР.

– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“ – информираа од МВР, најавувајќи детали за акцијата за утрешниот ден.

Во меѓувреме на Граничниот премин „Табановце“ според граѓани кои се враќаат во државата, има метеж. Од аматерските видеоснимки и фотографии може да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.

И викендов имаше значителна фреквенција на граѓани, пред сè македонски државјани, кои поради празниците се враќаат во земјава.