Фото: Илустрација

Едно лице загина и две се потешко повредени, во сообраќајката што се случи вчера во 7.40 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влезот во село Зајас.

Во оваа сообраќајка учествувале ПМВ „фолксваген-голф“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ш.А.(22) од село Србица, ПМВ „сеат-алхамбра“ со кичевски регистерски ознаки управувано од С.С.(53) од Кичево и ПМВ „форд-ескорд“ со кичевски регистерски ознаки управувано од А.Ј.(23) од село Г. Строгомиште. Во незгодата животот го загубил сопатникот од „форд-ескорд“ А.Ј.(54) од с. Г. Строгомиште, додека со тешки телесни повреди се здобиле возачите А.Ј. и С.С., по што биле пренесени во медицинскиот центар Кичево каде им била укажана прва медицинска помош .На местото на настанот излегла увидна екипа на ОВР-Кичево и Јавен обвинител-информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

.„Нова Македонија“ уште вчера објави блиц-информација за овој трагичен настан. З.А.