Рочиштето за предметот „Тендери“ кој беше влезен во давање завршни зборови, односно беше пред пресуда се одложува до назначување на нов судија-поротник, соопшти Кривичниот суд. Со разрешувањето овој предмет ќе се суди од почеток.

Ова доаѓа откако поротникот Митко Сандев беше разрешен од функцијата по барање на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Од Судскиот совет образложија дека Сандев има наполнети 60 години и според Законот за судии, тој повеќе не може да ја извршува функцијата.

Случајот „Тендери“ се однесува на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба, а првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.