Полициски службеници од СВР Тетово утрово околу 7 часот на наплатната станица Желино, го привеле 53-годишниот скопјанец Н.И.

Како што информираат од МВР, при преглед на автомобилот што го управувал „фиат добло“, во сопственост на скопска фирма, биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун.

Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а скопјанецот е задржан во полициската станица Тетово за расчистување на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни пријави.