Судењето за предметот „Таргет-Тврдина” кој се однесува за незаконското следење на комуникациите, денеска продолжи во Кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведокот предложен од обвинителството, вработен како дизајнер на технички решенија во „Ериксон Телекомуникаци Македонија“ од 2008 до 2015 година.

Според сведокот, една од неговите задачи во 2012 година било одржување на медијациските уреди (ЛИИМС) кои биле во просторите на УБК во МВР. Тој појасни дека постапувале по известување на МВР до операторот, а со цел да се достигне поддршка 24/7 на ЛИИМС уредите, биле организирани со дежурства.

– Во тоа време имаше четири медијациски уреди за следење на комуникаците. Телеком поседуваше два вакви уреди, и по една на ОНЕ и ВИП. Функцијата на медијацисикиот уред е да ги преведува наредбите кои се дават од главниот уред. Во овие уреди постојат логови кој што покажуват кога е дадена наредба и други информаци. Влегувањето во кругот на МВР беше по претходна најава. При нашите интервенци имаше присуство и на вработени во УБК – изјави сведокот, додавајќи дека последната негова интервенција била во средината на 2017 година.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица од УБК.

Преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, се наведува во обвинителниот акт. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Судијката Џенета Бектовиќ, го води судењето, а Артан Ајро и Трајче Пеливанов се застапници на обвинението.