Две неексплодирани рачни бомби се пронајдени во Дебарца при уривање објект.

Според информациите на СВР – Охрид, вчера е пријавено дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, пронајдени се експлозивни направи.

По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за две неексплодирани рачни бомби кои, по преземени мерки, безбедно се подигнати.