Безживотно тело на возрасен маж било пронајдено во околината на Качанички пат, соопшти полицијата.

Како што дообјаснуваат од МВР вчера во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот Качанички пат кон Бардовци бил пронајден починат М.А.(56) од с.Бардовци.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.