Прилепчанец со повреди од експлозивна направа бил однесен во болница информираат од МВР.

Во нивното соопштение се посочува дека работат на расветлувањето на случајот.

Според соопштението, вчера околу 13 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен со повреда С.Б. (65) од село Обршани.

– Ж.П. од село Обршани и Д.Ш. од Прилеп пријавиле дека околу 12 часот,
додека биле на лов покрај брегот на Црна Река, С.Б. бил повреден од
експлозивна направа, соопштуваат од МВР. К.М.