Единаесетгодишно девојче од Велес е тешко повредено во Неготино кога во дворот на една здравствена установа во неа удрило патничко возило „Киа Спотаж“.

Полицијата соопшти дека вчера во 9.30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци била препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.