Фото: Илустрација

Уште едно лице загина по сообраќајката што се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка.

Како што информираат од МВР, станува збор за 23-годишник кој починал на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој бил сопатник во возилото со кое управувал Б.Ѓ. кој вчера почина од здобиените повреди.