Фото: Маја Јаневска-Илиева

Семејствата на осудените за „Монструм“ нема да можат да го поминат полицискиот кордон на крстосницата после Бит-пазар. Силно полициско обезбедување, оклопни возила, специјалци го обезбедуваат протестот кој беше најавен со рута од Чаир до кривичниот суд, па до Владата. Демонстрантите кај Бит-пазар беа пречекани од кордони од стотици полицајци.

Ескалираа протестите кај Бит-пазар, по судирите со полицијата. Демонстрантите фрлаат со камења и пластични шишиња кон полицискиот кордон. Во судирите, повреден е еден полицаец.

Десетици демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички се обидоа да ги повредат. Лицата со фантомки се во првиот ред на собраните граѓани кои протестираат поради казните изречени во случајот „Монструм“.

Организаторите стоеја на страна и гледаа. Потоа, молеа да престанат со насилство и да се повлечат. Но, по краток период, лицата со фантомки повторно се обидоа да удрат по полицајците. Такви се десетици присутни, кои во континутитет маваат по полицајците.

На протестот се носат плакати со ликовите на обвинителите Вилма Русковска, Фатиме Фетаи, Љубомир Јовески. Се протестира со албански и американски знамиња.

Роднините на обвинетите протестот го најавија во вторникот, во знак на револт против изречените затворски казни. Според роднините на обвинетите, се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на петте лица кои ловеле риба на Смилковско Езеро во 2012 година.