Полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на 29-годишен скопјанец во населбата Чаир.

При претресот во непосредна близина на куќата пронајдени биле три автомобили – џип „мерцедес мл“ без регистарски ознаки, „фиат пунто“ со косовски национални ознаки и „мерцедес е270“ со скопски регистарски ознаки, како и мотор „сф мото р 250“ и скутер “априлија“ и двата без регистарски ознаки.

Во близина на возилата во кеса биле пронајдени осум црни маски. За сите предмети постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела и биле предадени на ЕВР Чаир за понатамошно постапување.

Б.З. е во домашен притвор, а приведен бил А.Б.(27) од Скопје, кој бил затекнат со него.