Извлечен е автомобил од водите на Вардар. Станува збор за автомобил марка „Фолксваген поло”. Во извлеченото возило немало никој, но и натаму непознато е како паднало во реката.

Во извлекувањето учествуваа МВР и екипа на скопската Противпожарна единица. Тие повеќе од половина час го вадеа возилото.

Околу местото има и новинарски екипи, како и граѓани кои шетале по кејот.