Едно лице загина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Охрид – Кичево, во близина на Свети Еразмо.

Во судирот учествувале три автомобили и едно товарно возило. На местото на несреќата интервенирале и пожарникари.

Повредените се однесени во болницата во Охрид.