Синоќа околу 18.30 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари.

Тој влегол во просторијата и со секира во рака и се заканил на вработената да му ги предаде парите од касата.

Откако ги зел парите бргу го напиштил местото и се упатил во непознат правец.

Грабежот го потврдија од полицијата и повеќе информаци најавуваат за подоцна.