Пронајдена дрога

За време на ограничено движење, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Скопје, на улицата Благоја Стефковски, го уапсиле В.М. (40) од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена прашкеста материја.

Уапсен поради поседување нож

Полициски службеници од СВР-Скопје, на улицата 11 Октомври, го уапсиле триесет и седумгодишниот Н.Г., затоа што при извршен преглед кај него пронашле нож на расклопување.

Тепачка во двор во Арачиново

Во селото Арачиново, во заеднички двор, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Е.Б. (65) и Ш.Б. (37) од една страна и Д.Б. (52) и М.Б. (36) од друга страна, сите од Арачиново. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Навредувал политичари на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Б.Т. (68) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“. Пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.

Ограбен маркет

На улицата Кузман Шапкарев во Скопје непознати сторители извршиле тешка кражба во маркет. Тие ја отвориле вратата со употреба на погоден предмет, по што од канцеларијата одзеле сеф со пари и производи. Се работи на расчистување на случајот.

Маж ја нападнал сопругата

Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во семејната куќа во селото Папрадишта била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се работи на расчистување на случајот.