Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, утре се враќа во истражниот затвор во Шутка, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ24 .
По четири дена поминати во приватна клиника, каде според адвокатите беше примена во прединфарктна состојба, здравствената состојба на Јанева значително се подобрила.
-Најверојатно утре, не знам кое време ќе биде пуштена од болница. Така ме информираше нејзиното семејство. Сега е добро, здравствената состојба ѝ е значително подобрена – изјави Фрчкоска.