Четири малолетни ученици од училиште во Аеродором на голем одмор преку прозор фрлиле соученичка надвор. Настанот во полицијата утринава околу 7 часот го пријавил 50-годишниот Е.Ц. од Скопје.
– На 28.09.2018 година во периодот од 10.30 до 11.00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја. Девојчето се здобило со телесни повреди- информираат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.