Судскот совет му го одзеде судискиот иумнитет на Зоран Теофиловски, но го одби барањето на обвинителот за 30-дневен притвор на првоосомничниот во истрагата за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово.
– Судскиот совет донесе решение со кое го одзеде имунитет на член на Советот заради непречено водење на кривичната постапка, и донесе решение со кое не го одобри барањето за определување на мерка притвор за член на Советот, поднесено од страна на судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје – се вели во соопштението на Судскиот совет.
Теофиловски е осомничен дека кон крајот на месец август 2011 година како тогаш одговорно лице претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација. Тој е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба.