Фото: Архива

Веб-страницата на Министерството за образование и наука утрово е недостапна, откако врз неа бил извршен сајбер-напад.

На сајтот на МОН беше испишано името на непозната хакерска група која се претставува како „Netwatchers“ од Грција, a извесно време објавените линкови водеа кон грчко видео на Јутјуб со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia).

Во февруари годинава, група на грчки хакери кои себе си се претставуваа како „Моќната грчка армија“ тврдеа дека го хакирале македонското Министерство за образование и наука.

Од МОН тогаш изјавија дека имало обид за хакерски напад, но објавените видеоснимки од страна на твитер-профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството.