Фото: Маја Јаневска-Илиева

Два дена по објавените резултати, на официјалниот сајт на Државниот завод за статистика се објавени промени во табелата и конфузни пресметки.

Најзабележлива е промената кај атеистите, кои од 355, сега се 8.764, колку што претходно официјално броеја евангелско-протестантските христијани, а сега воопшто не се наведени.

Резултати 30.03. Фото: Принт скрин

Оние групи кои броеле под 500 лица на ниво на државата, како евреи, адвентисти, баптисти, реформисти или членови на Харе Кришна, сега ги нема на табелата, а во категориите именувани како „други”, „не се изјаснил” или „непознато”, бројките се поголеми од првично објавените.

Резултати од 01.04
Фото: Принт скрин

Директорот на статистика Апостол Симовски денеска за медиумите најави дека во понеделник ќе даде одговор за што конкретно станува збор.

Утрово во гостување на радио „Канал 77“ тој рече дека се сомнева во техничка грешка во називите на графите, и негира дека се работи за интервенција за промени во бројките.